Додека јавноста е „спамирана“ со спонзорирани постови за садење на нови дрва на социјалните мрежи, во практика ситуацијата е далеку поразлична од онаа која се претставува во виртуелниот свет, реагираат од иницијативата О2 на својот фејсбук профил.
Тие објавија слики на кои може да се види дека штотуку засаден дрворед во населбата Александрија во Ѓорче Петров е уништен од градежните машини поради пробивање на нова улица.
- 🆘 Додека грижата за животна средина и една од „мерките“ за справување со загадувањето ја сведуваат на толку и толку посадени дрвца, ситуацијата на терен ни ја покажува вистинската слика на нивната „грижа“.
🏢Ова е населба Александрија, општина Ѓорче Петров, додека ги продаваат становите со слики на зеленило околу нив, на терен единствените преостанати дрва немилосрдно се сечат заради проектирана улица според нов ДУП.
🌳 На сликите се гледа нов засаден дрворед, кој дел веќе е испогазен при налетот на градежните машини. Важно имаме еден куп спонзорирани постови како нашите локални власти се потепаа од садење, само што во равенката никако да им текне да ги одземат сите оние стари и здрави дрвја паднати под налетот на пилата, велат од О2 коалиција.