Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џорџињо Вајналдум, планира да остане во клубот, но ситуацијата со неговиот договор е доведена во прашање.

Според „Атлетик“ 30-годишниот Холанѓанец сака долгорочен договор со значително зголемување на платата. Играчот има намера да добие исто колку и високоплатените соиграчи.

Политиката на клубот е да не се потпишуваат долгорочни договори за играчи постари од 30 години, па останува да се види исходот од преговорите.

Трнеерот Јирген Клоп е уверен дека договорот на крајот ќе биде склучен, но засега ситуацијата е во нејасност. Беше објавено дека Барселона е заинтересирана за Вајналдум.

Тековниот договор на фудбалерот е со важност до летото 2021 година.