Јавниот долг на Србија на крајот на 2020 година изнесувал 26,66 милијарди евра, што е 56,8 проценти од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Министерството за финансии.

Во споредба со ноември, учеството на јавниот долг во БДП не е променето.

На крајот на 2019 година, јавниот долг изнесуваше 23,94 милијарди евра и претставуваше 52 отсто од БДП.