Идеално сценарио напиша на својот фејсбук профил актерот Сашо Тасевски во однос на најавеното пристигнување на првите вакцини во Македонија против Ковид-19. Сепак, истото ќе мора да се одложи откако примопредавањето на првите 8.000 дози вакцини на Фајзер од Србија се одложи за наредните денови.

- Имаме план за вакцинација.

Имаме сајт за вакцинација.

Имаме желба за вакцинација.

Имаме фрижидер за вакцини.

Имаме пунктови за вакцинација.

Се сними документарен филм со наслов: Кога вакцините стигнаа, сите стивнаа.

Се сними и игран филм: Вакцинирај ме нежно.

Се отвори и градинка со име: Вакцинирани пчелки.

Направен е ремикс на две песни од Тоше: Вакцини без граници и Вакцина во твоите руси коси.

Сменета е химната во: Денес во Северна се вакцинира….

Булеварот Партизански одреди од вчера се преименува во Булевар на вакцинираните херои.

Стадионот е преименуван во Арена Ревакцина Втора.

Споменикот на плоштадот е преименуван во Вакцинираниот воин на коњ.

Се планира вакцинација и на коњот.

Се бараат пратеници да гласаат за промена на уставот за пак да се смени името на државата во Вакцинирана Севернокинеска Астразанека Република Фајзер Македонија

Во државава некако се е во духот на победата над короната. Се слави вакцинацијата, а вакцини уствари, уште нема, гласи сценариото на Сашо Тасевски.