Формирана е интерпартиска парламентарна група за поддршка на Ромите, нивната инклузија и интеграција во државава, со цел подобрување на нивната состојба во државава. Координатор на ова новосоздадена интерпарламентарна група е Љатифе Шиковска, долгогодишна активистка за социјална правда.
Првата седница на оваa новосоздадена интерпaрламентарна група со свој говор ја започна претседателот на Собранието Талат Xафери, тој истакна дека му претставува особена чест што присуствува на основање на Интерпартиска парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Македонија.
-Ова е уште една во низата неформални групи која се основа како продолжување на воспоставената пракса со претходните парламентарни состави. Тоа е знак дека без разлика на составот, програмите и идеологиите на пратеничките групи застапени во законодавниот дом, фокусот и интересот остануваат непроменети. Волјата и ентузијазмот остануваат во полн капацитет и остануваме доследни и посветени кон исполнувањето на препораките и критериумите кои произлегуваат од универзалните декларации и кон нашата стратешка определба- членство во Европската унија, нагласи Џафери.
Потенцира дека од нашата стратешка определба, произлегла и Националната стратегија за Ромите, со која треба да се постигне траен развој во социјалната, економската и политичката сфера. -Особено треба да се обезбеди заштита од дискриминација и расизам, вклучително и пристојно домување, соодветно образование, здравствени услуги за овие наши граѓани, напомена Џафери.
Новоименуваната координаторка на оваа интерпартиска група, Шиковска во својот говор истакна дека учеството во општеството на помалите заедници е демократски приоритет и тоа е знак за развојот на демократијата во државата.
-Решавањето на прашањата на предизвиците кое е споделено со останатите заедници претставува солидарност и инвестирање во иднината на една држава, тоа се остварува со оваа група, ние пратениците без разлика на нашите политички определби се здружуваме во оваа парламентарна група за поквалитетно да учествуваме во парламентот во насока на подобрување на ромската заедница во државата. Ромите во РСМ се една од конституивните ззаедници и тие сочинуваат доволен процент за да државата треба и мора да обрне внимание за нивните проблеми и потреби, Ромите во нашата држава континуирано и долго се малку вклучени во општеството, тие низа години се соочуваат со голем број предизвици и не ги уживаат правата, Ромите учествуваат во носење одлуки во општеството, но тоа не е доволно за да се постигне видлив напредок и еднаква стартна основа со останатите етнички заедници, рече Шиковска.
Додаде дека предизвиците со домување, образование, здравствена заштита, вработување, дискриминација лица без документи, бездомници и питачење се дел од проблемите кои во иднина требало да се решат.
Свое обраќање имаше и пратеникот од поранешниот парламентарен состав Самка Ибраимоски, кој предложи зборот питачење да се исфрли од употреба, а да се користи улични заработувачи, поради тоа што како што рече зборот питачење бил многу грд збор.
-Да се биде пратеник кој ја претставува ромската заедница во овој законодавен дом навистина е голем предизвик, постоењето на ваквата група претставува доказ дека пратениците созреваат и се издигнуваат над партиските интереси без разлика на политичката позадина од која доаѓаат, сите ја знаеме генералната состојба на нашите сограѓани Роми, дека се маргинализирани, недоволно интегрирани во општеството, во оваа насока интерпарламентарната група за заштита на правата на Ромите овозможи да се зајакне имплементацијата на стратешки приоритети од интерес на Ромите во РСМ. Преку дискусија, размена на идеи, предлози, поддршка и посветеност кон неопходните законски измени за унапредување на положбата на Ромите, треба да донесеме промени, како и да го подобриме спроведувањето на мерки, нагласи Ибраимоски.
За збор се јавија и некои од присутните гости кои говореа од своите места во интерес на времето, присуствуваа професори, членови на различни органзиации и други граѓански претставници. Од гостите збор зема и професорката Гордана Силјановска –Давкова, таа истакна дека во сферата на нејзиното работење како професор ја имала честа да биде ментор на повеќе од 20 студенти Роми на кои била одобено горда .
Исто така, за збор се јави и член на политичката партија ДУИ, Арбана Пашоли.
– Јас ви честитам за вашата мисија, не улога бидејќи гледам дека со цело срце сте навлезени во оваа проблематика, што ќе ја третира позицијата на ромската заедница во односн на инклузија, интеграција во нашето општество, рече, Пашоли.
Формирањето на оваа Интерпарламентарна група според Панчо Минов е за афирмирањето на интересите и правата на Ромите.
– Сметам дека би било една хумана должност, еве како негов поранешен колега, како ваш соборец за правата и интересите на Ромите и оваа прилика чисто да се спомне како едно потсетување на тие ваши соборци или претходници во застапувањето на интересите на Ромите како еден поттик и охрабрување за уште посилно застапување на интересите на Ромите и тоа најповеќе покрај со дискусии, со вакви манифестации и со конкретни законски решенија коишто ќе бидат идентификувани и со она што значи интереси и права на ромското население, истакна тој.
За крај координаторката заклучи дека пред нив се многу предизвици, но дека тие ќе им дадат повеќе енергија истите да бидат решени.
-Јас се надевам дека тука нема да застанеме, вие особено од граѓанскиот секор сте добредојдени да давате иницијативи во кој било дел во однос на закони и други програми како и проекти, потенцира Шиковска.