Во Решение донесено од страна на Министерот за правда Бојан Маричиќ се одбива регистрација на невладина организација поради користење на името Македонија и Република Македонија.

Термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, кратенката „ПЈРМ“, во преведена или непреведена форма, не смеат да се употребуваат во целокупната внатрешна и надворешна официјална комуникација од никого, стои во образложението на решението на Министерството за правда потпишано од министерот Бојан Маричиќ.

Здружението ова барање го поднело согласно со член 9 од Законот за здруженија и фондации според кој „зборот Македонија и зборовите изведени од него, како и неговите кратенки можат да се содржани во името и организацијата само со одобрение на Министерството за правда“.