Ви благодарам на сите на поддршката, иако до ова не требаше да дојде, ни на крај памет не очекував. Во ПС само разговаравме како/зошто и толку беше, околу пола саат ме задржаа, иако ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни. И ова не е перцепција, информираше Адил Бакиу, креаторот на домеинот ваксајнс, кој го регистрирал по видеата во јавноста на кој премиерот Зоран Заев погрешно го изговара зборот вакцина на англиски јазик.
Претходно пак, од Министерството за здравство информираа дека случајот го пријавиле во МВР откако преку впушивање на ваксајнс.мк се редиктираше до страната вакцинација.мк
-Оваа лажна веб-страница ги доведува во заблуда граѓаните кои сакаат да пополнат апликација со што ќе искажат интерес за вакцинација против Ковид 19, и поради тоа случајот утрово беше пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, информираа од МЗ.
Инаку, Адил Бакиу преку својот фејсбук профил информираше дека полицијата го пронашла во исклучително брз рок.
- Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk. Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години, напиша Бакиу.