„Независниот“ аналитичар Ненад Јовановиќ, на кого секој статус му е наменет за фалење на политиките на Зоран Заев а на секој телевизиски настап е бранител на владините политики и критичар на опозицијата, стана предмет на потсмев на социјалните мрежи откако во емисијата „Само вистина“ истакна дека новиот Претседател на САД Џозеф Бајден политиките кои ги заговарал биле слични со оние на Зоран Заев.
- Само да кажам за Бајден. Ми се чини дека политиките кои он ги заговара, на инаугурацијата ги слушав, се слични на политиките на Зоран Заев, истакна Јовановиќ.