На денешното рочиште за случајот за клевета, во кој премиерот Зоран Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во судницата се гледаат телевизиски прилози поврзани за аферата „Рекет“.

Дел од прикажаните работи беше и снимката на која обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, пред изрекувањето на пресудата порачува парите од рекетот да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.