Сопственикот на Радио Бубамара Ранко Петровиќ на социјалните мрежи реагираше на лизгавите улици поради кои ризично се повредил.

- Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи на градоначалник на Општина Карпош Stefan Bogoev , кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија , за вечерва да станат опасна ледена лизгалица иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира.

Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии , го слушнавме ударот , веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии , тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања , пробавме да дојдеме до нив ,но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм) , не се сеќавам баш на се , но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко , Дарко итн) , лесно ме освестиле , дојдоа и други , не се сеќавам некој беа со маска, некој без маска( да се надеваме дека не си споделивме корона) и некако ме станаа и донесоа дома.

Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на наспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.

За крај да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило , другото само ќе си дојде,коментира Ранковиќ.