Неисчистени снежни улици во главниот град ја разбудија креативноста кај Скопјани. Број еден видео за вечерва кое беше објавено на социјалните мрежи доаѓа од Општина Аеродром на кое се гледа како неколку другари временските прилики ги искористиле за да скијаат низ улиците.
Во коментарите пак на социјалните мрежи, жителите на Општина Аеродром му заблагодаруваат на Градоначалникот дека им овозможил ноќно скијање.