Државниот инспекторат за животна средина има недоволен број инспектори за да сите обрски што ги има. Располага со 15 инспектори кои можат да одат на терен, а директорката на Инспекторатот Ана Петровска во интервју за МИА вели дека недостатокот на инспектори се надоместува со планирање на надзорите, давање приоритет, како и преку соработка со други институции.
-Малку се инспектори за сите обврски што ги имаме, но од друга страна согласно Законот за инспекциски надзор применуваме методологија за планирање на надзорите која се базира на ризик, а тој ризик се базира на потенцијалните загадувања и претходни утврдени неправилности, односно колку тој правен субјект се однесува или не се однесува во согласност со издадената дозола. Ние ги имаме тие информации и врз основа на тие информации и ги планираме надзорите, вели Петровска.
Појаснува дека на пример испуштањето на отпадни води не е во прв фокус, што не значи дега го забораваат, меѓутоа, посочува, зимскиот период кога имаме енормо загадување на воздухот сите наши инспектори се фокусирани во оние инсталации што имаат согороувачки процес на фосилни горива и таму каде знаеме дека има согорување на фосилни горива и каде што има голема шанса дека ќе се случат надминувања на вредностите над дозолените граници таму ги насочуваме нашите инспектори. Она што беше приоритет беше да ги обврземе овие загадувачи да си вршат мерења во присуство на инспектор.
Друго, што се прави за да се компензира кусокот на инспектори, Петровска вели дека прават координација со овластените инспектори. -Направивме еден список на сите општини во кои имаме овлатени инспектори и таму каде имаме, а во моменот постои потреба да се надополнуваме во надлежностите комуницираме и ако има некоја итност го замолуваме да појде овластениот инепсктор на терен додека ние пристигнеме итн.
Посочувва на одлична соработка со Инспекторатот на Градот Скопје, каде, како што вели, во неколку наврати во координирани акции покривме повеќе индустриски зони и тоа беше еден одличен пример како во два дена всушност да покриеме кампањски 40 или 50 инсталации одеднаш.