Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција дали се уште стои на ставот дека Александар Вучиќ е националист кој што ја покажува својата националистичка страна кога кариерата ќе му биде загрозена, негираше дека дал таква изјава

- Немам кажано јас изјава за националист или слично, секој пат сум ги почитувал политиките и на сите соседи и на сите партнери на државата, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која беше потпишан договор за грант наменет во обновливи извори за енергетска транзиција.

Инаку, во 2017 година пред превземањето на власта и случувањата во Собрание, Зоран Заев во интервју за Српски Курир истакна дека во Србија постои националистичко раководство предводено од Вучиќ кој се декларирал како лидер во регионот, а првата прилика кога била загрозена неговата политичка кариера се покажале сите негови националистички позиции, истакна тогаш Зоран Заев.

Одговорот на премиерот Зоран Заев може да се види во интервјуто за Курир по 10-тата минута.