Претставници на Средношколски Глас денеска испратија барање за средба со министерката за образование Мила Царовска.

Тие како што велат, договорот кој е постигнат помеѓу МОН и Сојузот на средношколци, не ги одразува нивните ставовите и позициите на средношколците.

- Постигнатиот договор помеѓу Министерството за образование и наука и Сојузот на средношколци не ги одразува позициите на средношколците. Поради ова ние одлучивме да се организираме за да ги претставиме позициите на средношколците. Денес претставници на Средношколски глас поднесоа барање до МОН за прием кај министерката Царовска. Ги повикуваме сите средношколци да ни се придружат за најдобро да бидат претставени во текот на идните преговори. Да не дозволиме повторно да бидеме изманипулирани!, велат од Средношколски глас.