Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците во гостување на ТВ 21 изјави дека можна е коалиција со сите партии на локалните избори освен со ДУИ.

- Нема теорија да ја раскинеме коалицијата со Алтернатива. Гледаме опции и за други коалиции. Можно е да има коалиција со сите партии, со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ, само со ДУИ не. Сметам дека нашата коалиција со Алтернатива е силна. За локалните избори ќе ги прегледаме сите опции, но дефинитивно со ДУИ нема коалиција – истакна Таравари.