Има значителни напори во борбата против корупцијата, но оди бавно и не е доволно. Во овој момент е важна перцепцијата, ако луѓето гледаат проблем значи има проблем. Ако е тоа видливо секој ден, нешто против кое се борите, важно е да се признае фактот дека ако влијае врз животот, ако страдаат граѓаните… не само од висока корупција на државно ниво, туку и на локално ниво со ситни плаќања за одредени услуги, сето тоа влијае кај граѓаните и се поткопува доеврбата во Владата, се поткопува економскиот раст, можностите, и згора на се се урива човечкото достоинство. Сите се одговорни за ова прашање, изјави амбасадорката на САД, Кејт Брнз.

Според неа, Владата сноси одговорност и тоа е така, но не е само таа одговорна, има повеќе чинители.

-Институциите треба да ја одиграат својата улога, претпријатијата да работат според етички принципи, сите јавни службеници да постават високи стандарди и така да живеат, граѓанското општество, медиумите да обрнат внимание, не со намера да покренат политички прашања, туку во обид да се решава проблемот, а и јавноста има своја улога, да пријави корупција која ќе се забележи од институциите, а не да ја толерира, само така граѓаните ќе препознаат владеење на правото и добра Влада, па ќе бараат повеќе, на пример релани резултати од судството и Владата, порача Брнз во „Само интервју“ на Канал 5.

Повеќе, оцени, не е прашање дали државата оди во вистински правец, оти тоа покажала дека е така. Сега е прашање да се утврдат приоритети.

-Мислам дека не е прашање дали земјата е на вистинскиот пат, прашањето не е дали е јасна работата што треба да се заврши, туку на кои работи им се дава приритет. Сите треба да го надминат тоа, во Владата, оние надвор од Владата, сите да вршат притисок за овие реформи во општеството и во судството. Така ќе се создаде општество кое граѓаните го посакуваат и какво што заслужуваат, дополни Брнз.