Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, вечерва во „Што не е јасно?“ нагласи дека обезбедувањето на апарати за отпечатоци од прсти ќе значат гаранција за обезбедување „еден човек, еден глас“, и за регуларни избори. Нагласува дека спреј и ув-ламба се користат во земји кои немаат матични книги за родени, односно Африка, на пример, каде живеат во племиња.

Инаку Даштевски рече дека премиерот излегол со изјава дека ги охрабрува за оваа постапка, но не бил избрифиран дека треба да го реши проблемот со финансиите за да се спроведе целата постапка.

-Излезе Зоран Заев и рече ги охрабрувам ДИК да ја почнат постапката меѓутоа не е избрифиран дека треба да ги решиме овие проблеми за законот и сега сметам дека и тој повикува како претседател на Влада.

Инаку јас имав еден предлог да го подигнеме проблемот на ниво на влада бидејќи би било срамота за една држава да не може да спроведе една постапка, но членовите беа против сметајќи дека ќе добиеме средства и ќе ја спроведеме оваа постапка. Значи јас сум бил во право кога сум го предложил тоа, рече тој во своето гостување.

Даштевски посочи дека за да се почне процедурата за набавка треба да се регулираат две спорни одредби во Изборниот законик .

-За да ја извршиме таа постапка ние одлучивме да разговараме со министерот за внатрешни работи затоа што МВР треба да ни помогне во извршување на таа постапка. Ние имавме состанок со МВР и тука има спорни две одредби кои не се знаеле тогаш, додаде Даштевски.