Искуството од вонредната состојба предизвикана минатата година од пандемијата со корона вирусот е причина за денешната широка стручна и јавна дебата што претседателот Стево Пендаровски, ја иницираше се со цел донесување посебен закон што ќе ги регулира ингеренциите во некоја идна вонредна состојба.
Претседателот Пендаровски, во своето обраќање пред присутните на конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, меѓу кои учествува и актуелниот и поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ и Рената Дескоска, пратеници и судии од Врховен суд на РСМ, рече дека денес кога имаме многу поголемо искуство во соочување со здравствената криза, но и кога институциите се во редовен мандат со целосен политичи легитимитет време е да се рефлектираме на искуството од минатата година, да донесеме соодветни заклучоци и навреме да го подговтиме поредокот и општеството за можната идна криза.
– Јасно е дека ние е потребен посебен закон во кој ќе бидат правно уредени сите празнини со кои се соочивме кога требаше да го организираме системот во нестандарни околности само врз основа на неколку генерални одреби од уставот. Идниот закон треба да биде продукт од диалогот меѓу експертите, но и во генералната јавност и да биде донесен врз основа на најширок можен политички консензус, рече Пендаровски.
Тој исто нагласи дека пандемијата не научи дека постојат опасности кој ги надминуват политичките, идеолошките, етничикте, верските и социјалните лини на поделба.
– Тие опасности носат несреќа за сите независно од нашиот статус или потекло. Личната и колективната траума поради изгубените животи, десетиците илјади заболени, долгите ограничувања на движењето, изгубените работни места, пропаднатите бизниси, треба да бидат аларм дека е време да создаваме општествено единство барам за егзитенцијалните прашања, истакна претседалот Пендаровски.
Меѓудругото тој се осврна на и донесувањето на одлуката за прогласување на вонредна состојба која мината година траше полни 67 дена.
– Вонредната состојба е единствениот логичен одговор на една организирана политичка заедица, која се обидува за да се заштити под налетот на општата опасност и како таква не е случајно што постои како опција и некој пат може да биде употребена во споменатите екстремни околности. Нашата ситуација изминатата пролет не се разликуваше од ситуација која се најдоа многу други држави. Сепак како што често се случува, еден проблем никогаш не доаѓа сам туку најчесто тој проблем се мултиплицира во предизвици од системски карактер, рече Пендаровски, додавајќи дека следната криза треба да ја очекуваме поподготвени.
Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, на конференцијата нагласи дека најдобро е вакви системски закони да се носат како резултат на поширока дебата, но пред се, како резултат на поширок консензус.
– Се надевам дека ќе покажеме дека со конструктивна дискусија можеме да придонесеме кон унапредување на правната и политичката култура во нашата држава како насушна неопходност после системските кризи низ коишто поминавме и постоечките длабоки општествени поделби“, рече професорот Спасов.
Поздравувајќи ја иницијативата, Рената Дескоска, поранешна министерка за правда и редовна професорка на Правен факултет „Јустинијан Први” – УКИМ, изрази уверување дека законот би се донел со поширок консензус и во инклузивна постапка. Навраќајќи се на уредбите со законска сила коишто во услови на вонредна состојба ги носеше Владата рече дека истите се уставна категорија и единствен начин за функционирање на системот во такви околности.
Светомир Шкариќ, редовен професор во пензија на Правен факултет „Јустинијан Први” – УКИМ, истакна дека пандемијата на Ковид-19 сите ги натера да размислуваат за алтернативен систем на функционирање. Според него, носењето на законот за вонредна состојба не е само правно прашање и, како што рече, предвид треба да се земат и економските, филозофските и социјалните аспекти.
– Светот се соочува со непознати предизвици и добро е истите правно да се врамат“, рече Гордана Силјановска-Давкова, пратеничка во Собранието на Република Македонија и редовна професорка во пензија на Правен факултет „Јустинијан Први”- УКИМ. Поздравувајќи ја иницијативата за донесување на Закон за вонредна состојба, Силјановска – Давкова укажа на елементите коишто мора да бидат прецизирани во законското решение, односно во вонредна состојба да не се организираат избори, попис или референдуми, бидејќи за овие процеси е потребна мирна политичка состојба.
Мирјана Лазарова Трајковска, судијка во Врховниот суд и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права говорејќи за предметите, коишто до Европскиот суд за човекови права ги поднесуваат поединци и правни лица, а се однесуваат на негативните последици кои ги претрпеле од пандемијата на Ковид-19, рече дека како држава ќе извлечеме поуки од добрите и лошите ситуации во време на вонредната состојба, коишто ќе помогнат при подготовка на законот.
На конференцијата говореше и Маргарита Цаца Николовска, судијка во Уставниот суд на Босна и Херцеговина, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и претседателка на Институтот за човекови права. Според неа, отворени се многу релеватни прашања и предмети за дискусија, потенцирајќи дека законското решение треба да опфаќа повеќе општествени аспекти.
Конференцијата претставува почеток на поширока дебата на стручната и општата јавност, во однос на потребата на изготвување на закон за вонредна состојба. Во вториот дел е предвидена панел дискусија на која ќе говорат Трајан Гоцевски, Ненад Марковиќ, Ветон Љатифи, Марјан Ѓуровски, Васко Наумовски, Александар Спасеновски, Беса Арифи, Јeлена Трајковска-Христовска, Јелена Ристиќ, Денис Прешова, Марко Трошановски, Зоран Дранговски, Гоце Коцевски, Лидија Стојкова-Зафировска и Зоран Јовановски.