Во нашиот пописен реон ќе бидат ангажрани 61 попишувач, од нив 13 Македонци, 30 Албанци, 16 Турци и двајца Роми.

Согласно законот за попис формирана е пописната комисија за пописен реон 24, кој ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа.

Во комисијата тројца од членовите се од општина Дебар, додека двајца од општина Центар Жупа. Претседател на истата е Решат Ќормемети, раководител на секторот за јавни работи при општина Дебар.

– Во нашиот пописен реон ќе бидат ангажрани 61 попишувач, од нив 13 Македонци, 30 Албанци, 16 Турци и двајца Роми. Ќе бидат ангажирани 11 реонски инструктори при чиј избор ќе се има предвид етничката структура на населението во овој пописен реон, изјави Ќормемети за МИА.

Додава дека сите што се зантересирани да учествуваат во пописот, да се пријават на веќе објавениот Конкурс, треба да се да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено најмалку средно образование и да немаат засновано работен однос.

Посочува дека Конкурост кој е објавен во дневните весници, но и на веб-страницата на Државниот завод за статстика е веќе реобјавен на веб странците на двете општини.

Пописната комисија просторно е сместена на вториот кат на зградата на општина Дебар, каде, како што вели Ќормемети, може да се обрати секој зантересиран за било какви информации.