Донација од околу 80.000 заштитни маски пристигна во Крушево од турската компанија „Алим“. Станува збор за 35 пакети со околу 80. 000 маски.
Ова е втора донација од заштитни маски за општина Крушево, а како и претходно, заштитните маски ќе се распределат и во општина Долнени.
Од Советот на општина Крушево излегоа со апел за строго почитување на мерките и на препораките за спречување на ширењето на коронавирусот.
-Битката со коронавирусот сѐ уште не е завршена и секојдневно се забележуваат нови случаи на Ковид-19. За состојбата со вирусот сме сите заедно одговорни и затоа уште еднаш апелираме на строго почитување на мерките и препораките, стои во апелот на крушевскиот општински совет.
Вакцинација на здравствените работници почна и во Крушево. Паралелно со тој процес, велат од Советот, наша должност е да носиме маска, да не се групираме и се дезинфицираме.