Министерот за економија Крешник Бектеши денеска по повод Светскиот ден на енергетска ефикасност ќе присуствува на потпишување на договор за јавно-приватно партнерство по ЕСКО-модел за јавно осветление помеѓу Општинината Крива Паланка и „Македонски телеком“ АД Скопје.

Потпишувањето на договорот ќе биде во просториите на Министерството за економија.

Овој проект е дел од регионална програма за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор, преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за што е обезбедена финансиска поддршка од инвестициската рамка на Европската Унија за Западен Балкан.