Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу по повод годишнината од првите два случаи на Ковид-19 во Албанија, беше во посета на Инфектвната клиника за да му изрази признание и благодарност на медицинскиот тим на клиниката, кои го носеа главниот товар во лекувањето на ковид пацентите.

Таа во оваа прилика направи кус биланс за изминатата година на пандемија и како што рече „се поклонува со почит и благодарност пред белите мантили“.

– Ако денес направиме преглед на состојбата во изминатата година, секако тоа се илјадници спасени животи, но за жал, имаме 1.969 изгубени животи, што е голема, неповратна загуба за сите нас. Она што сакам да го порачам е дека војната не е завршена. Секако ќе има време за конечни биланси, но она што сакам да го истакнам е вашата храброст, тоа е вашиот дух на пожртвуваност, тешката работа, кога и во тие моменти кога непознатото беше толку големо, вие не се плашевте, не се откажавте и ја продолживте вашата мисија во служба на сите луѓе. Ви благодарам за ова и ви се поклонувам со почит и благодарност за целата ваша работа , рече Манастирлиу.

Таа зборуваше и за опремувањето на здравствените установи со потребни апарати, како и за бонусот на здратсвените работници кои непосредно се ангажирани во ковид болниците.

Според неа над 4 илјади здравствени работници добиле бонус во износ од по 500 евра за средномедицискиот кадар и по 1.000 евра за докторите.

Задржувајќи се на процесот на вакцинација против Ковид-19 таа информраше дека до денес се опфатени 20.911 здравствени работници и постари лица од 80 години.

-Задоволна сум што до крајот на неделава завршуваме со имунизација на целиот здравствен персонал и ова е чекор напред кон победа над невидливиот непријател. Но, не е доволно затоа што всушност целата популација, особено оние кои се приоритетни групи, ќе продолжат да се вакцинираат, рече Манастирлиу.

Информираше дека в понеделник присигнува нова пратка од компанијата Фајзер, а набрзо ќе приситигне и пратка со 14.400 вакцини преку ковакс механизмот.