Во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани 46 пациенти, од кои 34 се потврдени позитивни, шест сомнителни и шест пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 20 пациенти, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова. За споредба вчера биле 45 пациенти, а 30 потврдени на Ковид-19,а на кислородна поддршка имало 14, а што е помалку за шестмина споредено со денеска.

Починат е пациент на 56 годишна возраст, од Горно Оризари, велешко, позитивен, лекуван на инфективно одделение еден ден. Тој е 115 жртва на Ковид-19 од поширокиот велешки регион од почетокот на пандемијата досега.

Во текот на вчерашниот ден, еден пациент бил транспортиран за Скопје во приватната болница „Систина“.

На инфективно одделение има 39 пациенти на Интерно седум.

Инаку, споредено со изминатиот петок имаше хоспитализирани 34 пациенти од кои 22 потврдени со Ковид-19, а 11 од нив беа на кислородна поддршка. Од петокот до денеска постојано расте бројот на хоспитализирани пациенти и на кислородна поддршка, информира д-р Јованова.