Картата на Санстефанска Бугарија е предизборен фолклор, но нарачаното списоче е скандал за кој зборуваат сите поддржувачи и членови на #ХибриденРежим!, коментира на својот фесјбук профил професорот Самоил Малчески откако Каракачанов денеска објави листа со имиња слични или исти со наши политичари а кои имаат право на глас во Бугарија а подоцна ретерираше и истакна дека тој не посочил дека станува збор за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
- Со Александар се знам од свои 16 години, дружбата почна во Средношколска унија и трае со прекини, полемики, кавги, дебати итн. до ден денешен! Јас од него никогаш немам слушнато, ниту пак во некоја дебата, дискусија, кавга итн. имам насетено дека он има друго државјанство освен нашето, Македонско! Кај него освен симболи на Република Македонија, ВМРО ДПМНЕ, НАТО, ЕПП и ЕУ немам видено ни еден друг симбол!
Ова не го пишувам за да му се додворам на некого, но сите ние кои се противиме на распродажбата на Македонските национални интереси и активно се бориме против овој #ХибриденРежим утре можеме да се најдеме на вакво нарачано списоче! Знаеме дека сме пречка во диловите на Заев и крими бандата која ја предводи!
Лагите и измамите на #ХибриденРежим нема да не поколебаат, барем мене не, во борбата за обрана на Македонските национални интереси, тоа е аманет кој со генерации се пренесува во мојата фамилија!
п.с. Знам уште најмалку тројца Александар Николовски, од кои еден за жал е починат! Намалете со фејк пропагандата!, вели Малчески.