Сообраќајот кон граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница е нормализиран од 11:45 часот, потврдија за МИА од СВР Струмица.
Сообраќајот беше во прекин од 11 часот поради извлекување на камион со полуприколка со турски регистарски ознаки, кој учествуваше во сообраќајната несреќа што се случи на 10 март вечерта на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, кај селото Самоилово.
Тогаш во несреќата загина едно лице, а три беа повредени.