Во пехчевското село Црник забрзано се работи на изградба на нови училници во подрачното училиште „Ванчо Китанов”. Од Општината очекуваат градежните активности да завршат најдоцна до крајот на април.

Општината наведува дека ова е само една од активностите кои се реализираат за подобрување на воспитно-образовниот процес во училиштата. По завршувањето на градежните работи во село Црник, активностите ќе продолжат во подрачното училиште во село Робово.

-Во училиштето во село Робово целосно ќе се реновира покривот и дел од училниците во училиштето. Целта е учениците од ова училиште да го продолжат своето образование во зграда, каква што доликува за еден воспитно-образовен објект, информираат од Општината.

Меѓу приоритетните проекти за подобрување на условите во училиштата за следната учебна година е и поставување парен котел во деветолетката во Пехчево.