Општина Куманово годинава ќе финансира проекти кои ќе ги спроведуваат граѓанските и невладините организации. Денеска се одржа јавна дебата на која претставниците на секторот за евроинтеграции, меѓународна соработка и локален економски развој ги презентираа приоритетните области на кои ќе можат да аплицираат невладините организации од Куманово.
За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 300.000 денари. Организациите можат да работат проекти од неколку области, заштита на животна средина, заштита на човекови права, социјална кохезија и намалување на сиромаштија, туризам и култура, младински активизам.
– Битно е да се вклучат и мерки и активности за надминување на ковид кризата. Ќе се земат за приоритет она што е најбитно за граѓаните и она што е видливо-изјави, раководителот на одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој на Општина Куманово, Донка Петровска.