Фудбалскиот терен на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде оспособен со систем за автоматско наводнување на тревата. Станува збор за современа инсталација на систем што ќе врши автоматско наводнување на теренот и одржување на тревата во идеални услови за игра.
Преку проект што го реализира Фудбалската федерација на Македонија, на фудбалскиот терен почна инсталирањето на 33 прскалки со сонда што ќе ја мери влажноста на почвата.
Активностите се предвидува да бидат завршени до 3 април, до кога игралиштето времено ќе биде затворено за употреба.
Од Управата на ЈП „Билјанини извори“ изразуваат задоволство за поддршката од ФФМ, истанувајќи дека новиот систем за наводнување ќе придонесе кон зголемување на квалитетот на самиот фудбалски терен и за намалување на потрошувачката на вода.