Втора година по ред празникот Тодорова сабота во Свети Николе ќе се одбележи скромно и согласно здравствените протоколи поради пандемијата.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека активностите на 20 март, сабота ќе се реализираат со свечена литургија во црквата „Свети Николај“, потоа свеченост по повод рестартирањето на алтернативното водоснабдување во месноста викана Дивљак, со што вода за пиење ќе се обезбеди за жителите на село Горобинци и градот Свети Николе.
Поради актуелната ситуација со Ковид-19 и годинава традиционалното одбележување на празникот Тодорова сабота ќе биде одбележан со скромна содржина.
– Во 12.30 часот ќе имаме ретроспектива на 20 -годишниот јубилеј од Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ што ќе се одржи во големата сала на Дом на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе. Местата се ограничени поради протоколите за заштита од Ковид-19 – вели Велковски.
И годинава нема да се организира најголемото оро, ниту традиционалниот панаѓур во Свети Николе.