ЈП „Пазаришта“ – Куманово во 2020 година работело со загуба што се должи на корона-кризата и неработењето на претпријатието со одлука на советот за време на пандемијата на неколку месеци, покажаа податоците на извештаите на ова претпријатие кои беа презентирани пред советниците на 53-тата седница на кумановскиот општински Совет. Најдобри приходи „Пазаришта“ остварило во последното тримесечје од минатата година.
– Општо е познато во какви околности работевме во 2020 година и со какви проблеми се соочивме како последици на вирусот. Директно и најмногу од сите претпријатија претрпевме штета. Имавме насоки за затворањето и со одлука на Советот и од Агенцијата за храна и ветеринарство што се однесуваше на добиточниот пазар. Зелениот и реонскиот пазар не работеа по два месеци, додека добиточниот и пазарот за стари работи-бувљак не работеа по три месеци, изјави директорот на ЈП „Пазаришта“, Илир Саити.