Во рамки на проектот за прекугранично справување со шумски пожари, кој е дел од ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија,гевгелиските пожарникари ќе добијат комплетна опрема која ќе ги штити при интервенции на шумски пожари.
-Професионалната опрема за шумски пожари се состои од огноотпорни комбинезони, ќебиња, чизми, ракавици, кациги направени специјално за шумски пожари, заштитни огноотпорни маски против чад, пумпи, противпожарни црева и моторни пили, велат од ТППЕ Гевгелија.
Со ваквата опрема пожарникарите се надеваат дека ќе се унапреди нивната безбедност и функционалност и дека ќе имаат можност навреме и соодветно да одговорат на обврските во случај на шумски пожари.
Покрај оваа опрема, преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, територијалната противпожарна единица од Гевгелија која интервенира и на териториите на општините Богданци и Дојран, ќе добие и едно противпожарно возило.