В недела, на 21 март во 12 часот патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ „Гоце Делчев“ и УМС на ВМРО ДПМНЕ организираат мирен „Собир за слобода” во близина на затворот во Штип каде што се осудени и лежат уставобранителите на Македонија.
Се собираме да им дадеме братска и другарска поддршка да истраат во битката за правда и слобода, а на оние кои ги затворија да им порачаме дека ќе одговараат за ова злодело, и за предавството. И за сите други. Нека овој собир биде почетокот на борбата до конечна слобода за Македонија и македонскиот народ. По сопствена воља, доколку сакате повелете во недела на мирен собир во 12 ч во близина на затворот во Штип. Да живее Слободата!, напиша на Фејсбук Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.