Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ја искоментира изјавата на Филипче дека на договорот со Фајзер од страна на компанијата потпис се уште не е ставен.

- Разбиена уште една владина лага. Нема договор со Фајзер, а има провизии за кинески вакцини.

Тоа што сте неспособни сите знаеме, ама тоа што ги лажете граѓаните, луѓе животи губеа и губат, голем дел трауми ќе носат со себе цел живот, ви ветувам дека ќе има одговорност. Порано или подоцна. Подгответе се, коментира Мицкоски.