Амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш, влера попладне беше во посета на познатите македонски светилишта, Бигорскиот манастир и манастирот „Свети Георгиј Победоносец” во дебарското село Рајчица.
Како што информраше сестра Ефимија заедно со Маркуш била и неговата сопруга Жанета Маркушова, како и Катарина Хорнакова и Стојан Лековски.
-Амбасадорот Хенрик Маркуш е долгогодишен пријател на нашите Обители и секогаш кога е во можност и заради своја духовна полза, ги посетува нашите светилишта. Почитуваните гости беа срдечно пречекани од страна на нашето братство и сестринство и запознаени со тековните активности на манастирите, како и нивната социјална мисија, рече сестра Ефимија.
Од име на двете обители, додава таа, искажана му е огромна благодарност за споделената радост и прекрасно поминатите заеднички мигови.
Двата манастира, пред се Бигорскиот, кој минатото господово лето одбележа илјада години постоење, покрај илјадници верници и туристи, често го посетуваат странски допломати во нашата земја. На 23 септември во посета беше и албанскиот претседател Илир Мета, кој имаше срдечна средба со г. Партениј