СДСМ и Славјанка Петровска упорно се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од скандалите и неуспесите на власта на Заев. Но не им поминува.

СДСМ треба да одговори за клучните финансиски скандали и криминали кои се случија во Македонија а во кои се до гуша заглавени функционери од нивната власт.

Јавноста и граѓаните чекаат да дознаат каде завршија парите од Рекет кои беа разнесувани со Луј Витон торбата. Осудениот за случајот јавно кажа дека тие завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Јавноста чека одговор до каде е истрагата за снопчињата пари кои Ден Дончев ги ставаше во својата торба. Впрочем знаат ли некој воопшто дали Ден Дончев е воопшто во државата.

Јавноста сака да знае за скандалот со набавката на софтверот од страна на Драги Рашковски, софтвер кој никој не го користи, а кој бил купен од фирма основата неколку месеци по доаѓањето на Зоран Заев на власт. Патем за тежок скандал околу јавна набавка исто така поврзана со Рашковски, случајот Леонардо, стар со години сеуште нема никаква разрешница

Јавноста сака одговори за набавката на кинеските вакцини и фантомската фирма која Заев и Филипче ја ангажирале заради провизии.

Јавноста од Славјанка Петровска и СДСМ ги очекува овие одговори за финансиски криминал и корупција на нивните функционери. Се друго е манипулација и обид за дефокус од неспособноста криминалите и корупцијата на оваа власт на Заев.