Морбидно и бизарно е да се одржуваат внатрепартиски избори во ден кога во Македонија има 25 мртви од корона вирусот.
Срамота е да се прогласува голема партиска победа на СДСМ и Зоран Заев додека стотици луѓе умираат се борат за воздух, се дават и се гушат.
Денес, Северен Заевистан имаше избори како во Северна Кореја. Недозволиво и незаконски е да се одржуваат избори во училишта, во јавни установи, во домови на култура, со брза помош да се пренесуваат гласачи во избирачки места во штабовите на СДСМ.
Срамно дури и за еден хибриден режим којшто има најмногу мртви по глава на жител во светот и најмалку вакцини.
Фијаско, срамота и катастрофа.