Писателите од Друштвото „Битолски книжевен круг“ го одбележаа Светскиот ден на поезијата.

Творците кои живеат и создаваат во Битола заеднички, со лична творечка впечатливост и соработка, споделија исклучителна примамливост во чест на Светскиот ден на поезијата, истакна Елизабета Јончиќ, претседателка на Битолскиот книжевен круг.

-Во текот на вчерашниот ден на нашата веб-страница објавивме поетски творби од писателите Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Милица Димитријовска Радевска, Зоран Пејковски, Гордана Стојановска, Мирјана Стојановска, Весна Мундишевска-Велјановска, Елизабета Јончиќ, Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџова Свидерска, Биљана Т. Димко, Никола Илијовски, Михајло Свидерски, како и дела на ликовните уметници Љубица Мешкова-Солак, Александар Тасески-Џинго, Димитар Солаковски и Драган Најденовски, посочи Јончиќ.

Битолскиот Книжевен круг почна со подготовки за обележување на Светскиот ден на книгата и авторското право.