„Демократијата која што ја промовираат социјалдемократите не наликува на демократија. Овој начин на избор на претседател е навистина срамен за една партија, за една плуралистичка држава. Еден кандидат говори сам за себе и за каква партија станува збор, односно за султан партија. Демократијата дозволува и најголемите криминалци , злочинци се така речено да се дофатат до власта, и кога таквите криминалци ќе се дофатат до власта тие имаат тенденција односно тежнеат кон моќта, кон државниот апарат, кон злоупотреба на институциите и тогаш се доведуваме до ситуација да ја имаме најлошата форма на тиранија која што е поопасна од обило која форма на монархија или на олигархија“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во радио „Лидер“.

Ковачки додаде дека можеби е такво внатрешното уредување на партијата СДСМ, но граѓаните ги загрижува нивниот однос кој што за жал се пренесува на државата и на државните институции.

Во текот на гостувањето во „Лидер“, Ковачки се осврна и на безбедносните сертификати.

„Видете се уште немаме официјална бројка за тоа кој добил и кој не добил безбедносен сертификат. И таа бројка нема ни да излезе во јавност, и тоа е ајде така да кажеме легитимно да не излегуваат тие работи во јавност, тие работи треба да тефтираат интерно. Но, кога станува збор за функционери би требало тоа да се знае, за тоа што тие функционери подлежат на јавна критика, тие земаат народни пари, и доколку има таква опасност за некој од нив тогаш тие не би требало да ги водат државните институции“, рече Ковачки.

Ковачки додаде дека факт е дека во изминатиов период дури и денеска тоа се прави злоупотреба на процесот на издавање на безбедносните сертификати, тоа се виде и во делот кога се номинираше највисок воен претставник од министерот Шекеринска и претседателот, но НАТО не го прифати и го врати човекот. И веројатно е дека тука имало некаков вид на злоупотреба.

„Факт е дека министерот Шекеринска призна дека е направена грешка, и не е само една туку неколку се. Таков случај ете и со Фрчковски беше, тоа се дипломатски дури скандали и не може така да се прави, тоа е сосема неодговорно и несериозно“, истакна Ковачки.

Ковачки посочи дека името на лицето може да биде објавено дури отпосле кога ќе се завршат сите процедури. Системот за акредитација не е толку едноставен и се вади име на човек во јавноста, тој човек го власта односно функционерите го понижуваат на еден начин откако ќе биде одбиен, меѓутоа со тоа ја понижуваат и нацијата, ја понижуваат и државата. А, функционерите се платени тоа да го спречат, а не да го прават.

„Тоа за мене е несериозно, и неприфатливо“, нагласи Ковачки.