Водостојот на повеќето реки во земјава денеска е повисок во однос на вчерашниот ден.
Исклучок се само Вардар кај Велес каде нивото денеска е за 10 сантиметри пониско во однос на вчера, како и Црна Река и Треска кај кои има минимално намалување.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, за 44 сантиметри е зголемен водостојот на Вардар кај Демир Капија и за 12 сантиметри кај Јегуновце. Повисоко е нивото и на реката Струмица кај Ново Село за 30 сантиметри и кај Сушево за 13 сантиметри.
Кај езерата, само Преспанското езеро го има надминато асполутниот минимум за 19 сантиметри.