СДСМ да каже од кога тоа урбаните заедници се користат како училници, со зелени табли и клупи?

СДСМ не е само заглавена во минатото, туку е и потоната во криминал и злоупотреби.

СДСМ е единствената партија во светот која и сопствените избори ги лажираше со организирање на бугарски воз, каде имаа единствен кандидат.

На изборите на СДСМ видовме на слики едни исти лица како гласаат на две различни места. Можеби така е и добиена бројката од 59 илјади и 240 илјади гласа за Заев, тоа очигледно е единствениот начин.

Единствено што ги загрижува граѓаните е 60 илјади невработени, а не што наводно 60 илјади гласале за Заев.

Колку и да си создава лажна еуфорија, Заев тоне! Нема назад. Доаѓа македонска пролет!