Одговорајќи на новинарско прашање, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски истакна дека и тие располагаат со информации дека дел на државниот врв се вакцинирал преку ред.

- Да, и ние имаме такви информации но и сомнеж за дел од државниот врв, од најтесниот државен врв во владата околу Зоран Заев во партијата, дека се вакцинирани. Некои ги вакцинирале и своите семејства но еве ги повикуваме Владата, министерството за здравство нека ги објават јавно кои се тие луѓе кои што се веќе вакцинирани од државниот врв бидејќи како што знаете тоа не е ништо лошо сите држави во светот, кои што веќе имаат набавено вакцини ги вакцинираат своите граѓани се трудат што повеќе да прикажат јавно колку луѓе и нормално кои луѓе се вакцинирани, односно да се пофалат со тоа. Така да еве ги повикуваме да ги објават јавно кои луѓе се вакцинирани со вакцините кои што се влезени во Република Македонија односно кои луѓе од државниот врв и дел од нивните семејства се вакцинирани со тие вакцини, вели Арсовски.