Бројката на починати надмина 3.500 лица.

Само во текот на минатото деноноќие имаше 30 починати лица од корона, а 30 проценти од тестираните беа позитивни.

Вонредна состојба, полициски час не го постигнуваат ефектот.

Постоечките протоколи не се почитуваат. Потребни се соодветни протоколи и мерки за се спречи оваа голгота која ја поминуваат граѓаните.

Владата ниту знае кои се соодветни мерки уште помалку ги спроведува и оние постоечките.

Здравствените установи се полни, Филипче и Заев не знаат што прават, заинтересирани се за само личните и партиските интереси.

Снемува болнички кревети, медикаменти, вакцини нема ни на повидок.

Цената која ја плаќаат граѓаните е огромна.

Филипче ќе одговара за ваквото однесување!