Кога СДСМ збори за порази, веројатно се потикнати од губитништвото на Зоран Заев.
Зоран Заев, а пред се граѓаните поради него изгубија 5 години, буквално тапкаме во место и сме надвор од Европската унија.
Губитникот Зоран Заев донесе пораз и кога земјава ја направи рекордер по корупција, најкорумпирана земја на скалите во Европа.
Губитникот Заев донесе и пораз кога сакаше да се откаже од нацијата, историјата и јазикот за да му удоволи на неговиот брат Бојко.
Губитникот Заев донесе пораз и кога државава е на врвот во светот по бројот на починати и заразени од корона, а последна по борбата и создавање на услови за заштита на здравјето.
Губитникот Заев донесе и нов пораз кога за една година го зголеми бројот на невработени за над 50% ...
Да броиме уште?
Вистинскиот губитник е Зоран Заев, кој државата ја втурна во губитнички сценарија и порази.