Во Делчево во тек активности за реконструкција на водоводната линија во село Тработивиште. Активноста ја реализира Јавното комуналното претпријатие „Брегалница“ чии екипи во моментот работат на отстранување на дефектот со слабиот притисок на водата.
-Се работи на санација и реконструкција на водоводната линија на дел од главната улица на влезот во селото, каде имаше чести дефекти и намален притисок на водата. Станува збор за замена на дотраената поцинкувана водоводна линија со полиетиленско црево. Со оваа интервенција ќе се подобри снабдувањето со вода во домаќинствата и ќе се сопрат загубите на водата кои се случуваа поради старата и дотраена водоводна линија, информираа од претпријатието.
Во периодот кој следи, како што додадоа мерните инструменти ќе бидат изведени и дислоцирани на тротоарите во колективни шахти.
Од општината додадоа дека во меѓувреме приврѓуваат работите на канализационата мрежа во село Полето.
-Ги решаваме долгогодишните горчливи проблеми на граѓаните. Во село Полето во тек е поставување на фекална канализациона мрежа. Ќе продолжиме со создавањето планови и проекти со кои обезбедуваме поквалитетни услови за живот на сите наши сограѓани, истакнаа од Општината.
По завршувањето на овие активности најавена е и изградба на неколку улици во неколку населени места во руралните средини.