Говорејќи за претстојниот попис кој треба да започне за една недела, а за ко власта не се откажува од негово спроведување, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гостувајќи во вестите на ТВ Сител истакна дека на памет не му паѓа да му отвори врата на попишувач кој нема да биде вакциниран.

- Ниту еден конструктивен предлог во однос на пописот даден од наша страна, власта не го прифати. Воедно, на ваква здравствена ситуација оддржување на попис е речиси невозможно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ побара негово одложување и стои на тој став. Мене, на памет не ми паѓа да отворам врата на попишувач кој не е вакциниран, а заканите за казнување се приказни за мали деца. Уставот ги штити граѓаните. Но и ако сакаат да ме гонат кривично, нека го направат тоа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.