Илија Димовски гостувајќи во Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, му посочи на директорот на ДЗС Апостол Симовски дека е недозволиво и незамисливо во услови која има над 16.000 активни случаи, власта да се заканува со кривични и прекршочни постапки против граѓаните доколку одбијат да се попишат.
-Оваа власт има отсуство на реалност, луѓе си ги немаат видено внуците, а власта на сила тера попис. Како ќе ги попишуваме оние луѓе кои се на кислородна поддршка и се борат за секој здив, а власта се заканува со казни. Кој ќе отиде да им тропне на врата на оние семества кои загубиле некој близок, а има градови каде има по 200,300 сметни случаи веќе, кој ќе ја сноси одговорноста ако имаме барем еден смртен случај заради пописот, истакна Димовски.
Димовски го праша директорот на ДСЗ дали е точно дека има и заразени инструктори за попишување, на што Симовски одговори потврдно.
- Има четворица, не се пет заразени инструктори за попишување, заразени од своите сопружници, но не се заразени од ДЗС, одговори Симовски.