Зоран Заев денес ја даде најсрамната изјава за нивната неспособност, дека сме биле во некаква наводна предност затоа што тој и Филипче досега не успеаја да набават вакцини.

„Предноста“ која што ја спомна Зоран Заев Македонија ја чини 3.500 загубени животи.

Поради нивната неспособност и обидите за корона криминал кои Заев ги нарекува „предност“,

Македонија е во топ 5 земји по смртност и во најлошите 5 земји по вакцинација.

Во светот предност имаат владите кои имаат одговорни политичари кои веќе со месеци овозможуваат имунизација на населението и спас на човечки животи.

Со ваквите срамни изјави Заев потврдува дека со секоја секунда подолго додека е на власт, Македонија ќе трпи страшни загуби. Македонија ќе дојде во предност кога Заев ќе замине од владата и ќе сноси одговорност.