Мото клубот „Мото Велес“ втор пат е државен првак на ЕНДУРО шампионатот за 2020 година. Претседателот на клубот, Сашко Ванов и младиот мотоциклист Драган Ванов денеска остварија средба со градоначалникот Аце Коцевски на која му ги презентираа постигнатите резултати и добиени пехари на трката.
Во најконкурентната Е1 класа, Драган Ванов ја освои третата шампионска титула и ја доби престижната златна кацига.
Шампионатот во „Ендуро Е2 класа- Порта“ го освои Синиша Николоски од Кичево кој и оваа година ќе ги брани боите на „Мото Велес“.
Градоначалникот Коцевски изрази голема благодарност до сите членови на Мото клубот „Мото Велес“ за успешно претставување на градот на спортски план и во иднина им посака врвни резултати.