Откако вчера се исполни целиот болнички капацитет во штипскиот Ковид-центар, раководството прави подготовки и други одделенија привремено да примаат ковид-пациенти.

Во текот на есенскиот бран беше најавено дека како алтернатива ќе им биде Интерното одделение, но што ќе одлучат ќе се знае утре. За неколку дена треба да биде и целосно завршено поставувањето на централниот довод за кислород и станицата, како и надворешното уредување на модуларната болница, во која ќе има дополнителни 47 кревети.

Здравствениот билтен само вчера во источниот регион регистрираше 102 новозаразени со коронавирусот.