Лудост е да се организира попис во време кога владее пикот на третиот бран на КОВИД-19.
Лудост е да се организира попис кога Македонија има 3.607 починати лица, а истата бројка секој ден изнесува десетици смртни случаи.
Лудост е да се организира попис кога бројката на активни случаи изнесува 17.472, а бројката секојдневно на новозаболени е четирицифрена.
Лудост е да се организира попис кога вакцини против КОВИД-19 нема, и кога попишувачите не се имунизирани.
Очигледно е дека Заев и СДСМ пописот што насилно го туркаат среде епидемија е гаранција за епидемиска бомба која ќе ги чини граѓаните здравје и илјадници загубени животи.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш предупредува дека 5.500 попишувачи ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. А, голем број од попишувачите може да бидат асимптоматски, и да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални.
Заев и СДСМ ако се подготвени по цена над две илјади изгубени животи да одат на попис, Македонија не е.